• петок, 22 ноември 2024

Основен суд Кавадарци: Надзорите над работењето покажуваат дека работиме професионално

Основен суд Кавадарци: Надзорите над работењето покажуваат дека работиме професионално

Кавадарци, 23 јули 2024 (МИА) - Надзорите над работењето покажуваат дека работиме професионално, информираа вечерва од Основен суд Кавадарци на Фејсбук.

- На 10.11.2023 година Министерството за правда изврши вонреден надзор на функционалноста на АКМИС-от за управување со судски предмети во ОС Кавадарци. По цели девет месеци Министерството конечно го достави на увид записникот од извршениот вонреден надзор од комисијата. И со овој  вонреден надзор, како и со претходниот - уште еднаш се потврди дека ОС Кавадарци целосно, професионално и на највисоко ниво е посветен на функционалноста на системот, кој функционира беспрекорно, па се препорачува и другите судови да ја следат практиката во работењето на ОС Кавадарци, појаснија од Судот. 

Оттаму нагласија дека организираноста, работата и подготвеноста на Судот се во согласност со Законот за управување и движење со предметите во судовите и со судскиот деловник. 

- Во двата последователни извештаи се истакнува дека работата на ОС Кавадарци претставува позитивен пример во македонското судство. Ова е уште една потврда за посветеноста, стручноста и професионалниот пристап во работата на сите вработени во ОС Кавадарци, како и нивен огромен придонес во промоција на ИТ за развој и унапредување на судството и враќање на довербата. Остануваме посветени на нашата работа како суд двигател на ИТ промените и нивна промоција, посочуваат од Судот. свд/дма/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан