• среда, 25 декември 2024

Основен суд Кавадарци : Меѓу најдобрите сме во однос на просечното времетраење на постапката

Основен суд Кавадарци : Меѓу најдобрите сме во однос на просечното времетраење на постапката

Кавадарци, 25 јули 2024 (МИА) - Меѓу најдобрите сме во однос на просечното времетраење на постапката, информираа денеска од Основен суд Кавадарци на Фејсбук.  

- Според Годишниот извештај на ССРСМ, Основен суд Кавадарци е меѓу најдобрите судови во однос на просечното времетраење на постапката. Од табелата е видливо дека за решавање на предметите, во Основен суд Кавадарци биле потребни просечно само 21,8 дена во текот на минатата 2023 година. Овој извонреден успех е резултат на професионалноста, стручноста, мотивацијата и желбата за колективен успех на сите судии и вработени во судот во Кавадарци, напишаа од Судот. 

Притоа нагласија дека „целосната посветеност кон потребите на граѓаните успешно ги надмина разните субјективни и објективни пречки, посебно половичната пополнетост со судии и недоволниот број на вработени во судската администрација". свд/дма/


Фото : Фејсбук на Основен суд Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан