• недела, 24 ноември 2024

Основниот кривичен суд Скопје го доставил предметот „Титаник 2“ во Апелацискиот суд

Основниот кривичен суд Скопје го доставил предметот „Титаник 2“ во Апелацискиот суд

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека предметот „Титаник 2“ вчера бил доставен во Алелацискиот суд за надлежно постапување.

-Поради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 7/20 од Обвинителството означен како „Титаник 2“ на 20.03.2023 година е доставен во Апелациониот суд Скопје на надлежно постапување. Имено, по добиени жалби од обвинетиот М.Т. и неговиот бранител, како и известување од надлежниот Јавен обвинител дека нема да поднесе дополнителни жалби, предметот е комплетиран, испочитувани се сите утврдени рокови и доставен е на понатамошно второстепено постапување, информираат од Основиот кривичен суд Скопје.

Оттаму додаваат дека по овој предмет, Апелацискиот суд Скопје веќе еднаш има постапувано, па согласно одредбите од ЗКП сега треба да донесе мериторна одлука по добиените жалби. дма/сст/

 

Остани поврзан