• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Осмо олимписко злато во серија за американските кошаркарки

Осмо олимписко злато во серија за американските кошаркарки

 

Париз, 11 август 2024 (МИА) – Кошаркарките на САД го освоија златниот медал откако вечерва ја совладаа Франција со 67-66 во женското финале со кое заврши натпреварувачкиот дел на Олимписките игри во Париз.

За американските кошаркарки ова е осми златен медал на последните осум Олимписки игри.

Аџа Вилсон со 21 поени беше најефикасна кошаркарка во составот на САД, а запиша и 13 скокови.

Бронзата ја освои Австралија која претходно денеска во натпреварот за третото место ја совлада Белгија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан