Осмомартовски базар на две локации во Велес
- Рачно изработени украси и предмети од вештите раце на креативните ракотворци и декорации од свежо цвеќе се веќе изложени на тезгите во Младински парк и на платото пред Основен суд во Велес. Базарот се одржува во пресрет на Меѓународниот ден на жената - 8 Март.
Велес, 7 март 2024 (МИА) - Рачно изработени украси и предмети од вештите раце на креативните ракотворци и декорации од свежо цвеќе се веќе изложени на тезгите во Младински парк и на платото пред Основен суд во Велес. Базарот се одржува во пресрет на Меѓународниот ден на жената - 8 Март.
Осмомартовскиот базар се одржува во организација на Општина Велес под мотото „8 Март - потсетник како жените го променија светот“, кој почна вчера и ќе трае до утре.
Хуманитарен базар денеска и утре организираат и основните и средните училишта од градот.
Во рамки на одбележувањето на празникот на жената утре на 8 март во Големата сала на Општина Велес со почеток во 12:00 часот ќе се одржи средношколска дебата на тема „Борба, не кафана“ како и едночинка со наслов „Од љубов не се бега“.ад/фф/
Фото: МИА