Осмомартовски базар во Велес, ракотворби, детски изработки и цвеќе на едно место
- Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во Велес ќе се одржи традиционалниот Осмомартовски базар на кој ќе се претстават градинките, училиштата, ракотворците и трговците со цвеќе од градот.
Велес, 4 март 2026 (МИА) - Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во Велес ќе се одржи традиционалниот Осмомартовски базар на кој ќе се претстават градинките, училиштата, ракотворците и трговците со цвеќе од градот.
Базарот започнува денеска, во 11 часот, на главната улица „Благој Ѓорев“, спроти Гимназијата кај „Панини“. Настанот ќе го отворат децата од велешките градинки и училишта, кои ќе ги изложат своите креативни изработки.
Од четврток до недела, од 5 до 8 март, ќе се претстават ракотворците од градот со рачно изработени подароци од различни материјали, како и трговците со цвеќе.
Од Општина Велес ги покануваат сите граѓани да го посетат Осмомартовскиот базар и да одберат пригодни подароци и цвеќе за своите најмили – мајки, баби, сестри, сопруги, тетки и пријателки. ад/лв/
Фото: Општина Велес