• петок, 27 декември 2024

Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ

Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ

Прилеп, 25 февруари 2023 (МИА) - Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп.

Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во Паркот на револуцијата.

Со пораки за родова еднаквост на жените и мажите од бината пред Меморијалниот музеј е во тек обраќањето на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски кој меѓу другото ја нагласува големата улога на жените работнички, земјоделки, успесни жени, а родовата еднаквост е општествено прашање.

-Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството, храбри девојчиња, девојки, жени - ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка, порача денеска на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
 
Таа порача дека ниту стравот, ниту молкот не е опција. - Не е опција ниту зборувањето напразно. Затоа, ги повикувам сите жени, без разлика на сите наши разлики, заедно да му се спротивставиме на овој погубен говор на омраза.  Да дадеме пример како не мора исто да мислиме, но можеме достоинствено да разговараме. Верувајте, ќе ни се приклучат сите мажи, сите оние кои знаат дека без жените, животот би бил грешка, порача Лукаревска.
 
Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ порача дека СДСМ го слуша и цени гласот на жената и постојано работи на унапредување на роводата еднаквост. 
 
-Жената е херој и има посебна симболика кога ова го говорам во Прилеп - Градот херој, затоа што жените-хероини од Народно ослободителната борба, беа рамноправни партизани и родољуби, храбри и пожртвувани, еднакви и силни, кои со пушки в рака беа на браникот на татковината. Оваа саможртва е драгоцено наследство и нè задолжува сите нас многу повеќе да бидеме гласноговорници за родовата еднаквост.  Треба повеќе да зборуваме и да делуваме за нашите секојдневни жени-хероини, знајни, но многу повеќе незнајни. Нив ги среќаваме дома, на работа, на улица, во продавница... тие се тие кои водат секојдневни човечки битки за себе, за семејството, за своите блиски. За жал, за нив малку се говори. Затоа, ние цврсто стоиме зад нив. Нашите политики стојад зад нив. Ние, социјалдемократите, сме нивниот глас, нивната поддршка, како што тие се наша инспирација и поддршка, секој ден, истакна тој. ем/нд/
 
Фото: МИА; СДСМ

Остани поврзан