• среда, 25 декември 2024

Османи: Ако треба ќе најдеме преговарач што е технички, непартиски

Османи: Ако треба ќе најдеме преговарач што е технички, непартиски
Скопје, 27 март 2020 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вечерва нагласи дека потребно е да се стави крај на разликите во преговарачкиот процес меѓу позиција и опозиција, истакнувајќи дека ќе се усогласат техничките детали и ако е потребно ќе се назначи преговарач што не е партиски, технички. - Треба да се свика лидерска средба за да ставиме стоп на разликите во преговарачкиот процес, меѓу позиција и опозиција. Суштината е дали ќе имаме политичка волја и храброст да си дадеме рака и да кажеме, независно колку може политички поени да ни донесе, или политички поени да ни одземе, ние нема европската агенда да ја користиме во нашата партиска агенда. Ако се појават такви мажи и жени во државата кои можат да си подадат рака за такво нешто јас гарантирам успешен процес, потенцираше Османи. Тој, во емисијата „Еуро фокус“, посочи дека колку што битката со Ковид-19 им наметнува на опозиција и позицијата да работат заедно, толку треба и за преговарачкиот процес. - Колку што Ковид-19 ни наметнува заедно да работиме слично е и преговарачкиот процес. Така да овие детали технички ќе ги усогласиме, ќе најдеме ако треба преговарач што е технички, е непартиски. Не е проблем на позиции, проблем е на политичка волја, рече Османи. Вицепремиерот наведе дека, бидејќи е најавено дека за јуни ќе може да биде, завршена, одржана и усвоена меѓувладината конференција, неговиот план е  да работат како за во јуни. - Е сега прашањето ќе биде дали меѓувладината ќе успееме да ја одржиме пред или после изборите, тоа многу ќе зависи како ќе се развива состојбата со епидемијата, кога ќе бидат изборите, меѓутоа независно мојот план е прв ангажман да ми биде улогата во Кризниот штаб за борбата против епидемијата, второто е веднаш консултација со Брисел, бидејќи во заклучокот на Советот пишува дека ќе продолжи скринингот таму каде што застана. Да стапам во контакт со Брисел да видиме како да се организираме за скринингот, за да можам и организација на групите во скрининг, меѓутоа и организација за започнување на преговори, посочи Османи. Тој наведе дека се разбира оти динамиката нема да биде иста како пред пандемијата. - Не можам да ги форсирам луѓето на состаноци секој ден, сетоа тоа треба да се адаптира на некои видео конференции, меѓутоа сега веќе сме обезбедени. Имаме одлука за преговори, имаме волја. Јас мислам дека сега со една добра стратегија ќе го идентификуваме најдоброто што го имаме во администрацијата, во општеството. Очекувам опозицијата да биде сериозен партнер во тој дел и јас сум убеден дека ќе успееме, истакна вицепремиерот. Тој наведе дека се подготвувале за преговори според стариот модел, но во однос на новата методологија, како што образложи суштински не се менува многу. - Ние се подготвуваме за преговори според стариот модел, ги формализираме работите групи, почнавме интензивно да го пополниме со луѓе групите, направивме јавен повик за интерес за тие што не се дел од администрацијата, направивме кратка листа на сите тие што пројавија интерес, ги мапиравме нашата администрација и институции и дополнително обезбедивме проекти, главно норвешкиот проект што ни обезбеди да ги ангажираме најдобрите луѓе за подготовка на тие работни групи. Во меѓувреме имаме нова методологија, јас мислам дека суштински не се менува многу, освен што се групираат поглавјата во кластери и сега ќе треба работните групи да ги адаптираме на кластерите, но мислам дека тоа повеќе е техничко прашање отколку што суштински нас ни менува нешто, рече Османи. см/ац/     

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан