• четврток, 26 декември 2024

Османи ќе одржи состанок со шефовите на ДКП-ата на Северна Македонија

Османи ќе одржи состанок со шефовите на ДКП-ата на Северна Македонија
Скопје, 27 март 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе одржи тематски работен состанок со шефовите на Дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во Унијата и НАТО.

Како што соопшти МНР, покрај одбележување на годишнината од зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО, на состанокот ќе биде направен и пресек на активностите во рамките на членството во Алијансата, а тема ќе бидат и европските перспективи на земјата во претстојниот период.

По средбата предвидена е изјава за медиуми на шефот на дипломатијата Османи. нд/сп/

Тагови

Остани поврзан