• среда, 25 декември 2024

Османи утре оди за Софија каде ќе биде потпишан протоколот со Бугарија

Османи утре оди за Софија каде ќе биде потпишан протоколот со Бугарија
Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува за Софија каде ќе го потпише билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија. Ова следува по денешното усвојување на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание по што Владата на седница одлучи да го прифати предлогот на француското Претседателство. Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што ги изгласа Собранието. Првата меѓувладина конференција, како што денеска најави премиерот Димитар Ковачевски, ќе се одржи во вторник во Брисел. мс/бак/ .    

Остани поврзан