• среда, 25 декември 2024

Османи утре во Софија, со Милков ќе го посетат повредениот македонски државјанин

Османи утре во Софија, со Милков ќе го посетат повредениот македонски државјанин
Скопје, 21 јанауари 2023 (МИА) – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе оствари работна посета на Софија, при што заедно со министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, заеднички ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, соопшти денеска МНР.
 
Посетата ќе биде искористена, како што велат од МНР, за да се разменат мислења меѓу двајцата министри за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации. сст/дма/

Остани поврзан