• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Османи утре во Ватикан на централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза

Османи утре во Ватикан на централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза
Скопје, 5 септември 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре заминува во посета на Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, што прв пат е во заедничка организација на Министерството за надворешни работи и Светата Столица, соопшти МНР. Во рамките на одбележувањето, Османи ќе ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“, во присуство на ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, по што ќе следува и прием во присуство на високи гости и претставници на Рим и Ватикан. ац/

Остани поврзан