• сабота, 23 ноември 2024

Османи утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ

Османи утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ
Скопје, 15 мај 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од Берлин патува за Брисел, каде ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој се поканети и министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.
- Стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина се двете централни теми кој ќе ги опфати овој состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.
Советот најпрво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи.
На маргини на состанокот, шефот на македонската дипломатија ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет. бак/

Остани поврзан