• вторник, 24 декември 2024

Османи: Словенија е сојузник и близок пријател на Косово

Османи: Словенија е сојузник и близок пријател на Косово

Приштина, 19 декември 2024 (МИА) - Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека Словенија е еден од најблиските сојузници и пријатели на Косово. Оваа изјава беше дадена за време на работниот ручек со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар во Приштина.

Османи изрази благодарност за словенечките војници во составот на КФОР, кои придонесуваат за стабилноста во регионот. Таа исто така ја истакна посветеноста на Косово кон евроатлантските интеграции и зајакнувањето на билатералните односи со Словенија.

- Поддршката на Словенија одигра значајна улога во зајакнувањето на меѓународната позиција на Косово, рече Османи, додавајќи дека за време на средбата биле разгледани и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан