• четврток, 26 декември 2024

Османи се координира со Рама за „Косово да се приклучи кон Албанија и другите сојузници“ во НАТО

Османи се координира со Рама за „Косово да се приклучи кон Албанија и другите сојузници“ во НАТО

Приштина, 10 јули 2024 (МИА) – Косовската претседателка, Вјоса Османи денеска на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, со кого, како што соопшти кабинетот на Османи, ги координирале позициите и напорите за членство на Косово во НАТО.

Како што пренесува МИА, Османи и Рама разговарале за важноста од придвижување на Косово на евроатлантскиот пат, а особено за неопходните чекори кон членството во НАТО, „како витална алијанса за безбедноста и мирот во нашиот регион и пошироко“.

- Претседателката Османи истакна дека оваа средба служи за координирање на нашите заеднички позиции и напори за што поскоро Косово да се приклучи на Албанија и другите сојузнички земји како полноправна членка во НАТО, каде што и припаѓа, се вели во соопштението. иа/

Остани поврзан