• четврток, 26 декември 2024

Османи - Селаковиќ: Земјите од регионот да соработуваат интензивно за надминување на економската и енергетска криза

Османи - Селаковиќ: Земјите од регионот да соработуваат интензивно за надминување на економската и енергетска криза
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Евроинтеграциските процеси на двете земји и регионот на Западен Балкан, како и актуелните енергетски предизвици, беа тема на разговор на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот српски колега Никола Селаковиќ на маргините на Состанокот на министри за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес. -Земјите од регионот треба интензивно да соработуваат, не само во рамки на нашата плодна билатерална и регионална соработка соработка, туку и со цел надминување на тековната економска и енергетска криза, изјави Османи. На средбата, информираат од МНР, двајцата министри заемно констатираа задоволство од развојот на односите меѓу двете држави, со тенденција на засилување на динамиката на соработка преку редовни билатерални посети и партнерство во рамки на регионалните иницијативи, чие постоење претставува важна додадена вредност на севкупната регионална соработка. Во тој правец, осврт беше направен врз конкретни проекти и иницијативи, како отворањето на нови гранични премини, за што во тек се преговори на ниво на експертски работни групи, како и трговската размена, која во континуитет се зголемува.вј/лв/

Остани поврзан