• вторник, 24 декември 2024

Османи разговараше со командантот на КФОР: Отворањето на мостот е во интерес на сите граѓани

Османи разговараше со командантот на КФОР: Отворањето на мостот е во интерес на сите граѓани

Приштина, 19 август 2024 (МИА) - Косовската претседателка Вјоса Османи денеска разговараше со командантот на КФОР Озкан Улуташ за отворањето на мостот на Ибар, при што оцени дека заедно со сојузниците се постигнува „долгорочен и одржлив успех“, како и дека отворањето на мостот е „во интерес на сите граѓани“.

-Отворањето на мостот како чин на нормализација и интеграција е во интерес на сите граѓани, без разлика на националноста. Долгорочниот и одржлив успех секогаш се постигнува заедно со сојузниците, напиша Османи на својот фејсбук-профил.

Иако неколкупати се најавуваше отворање на мостот на Ибар, ниту косовскиот премиер Албин Курти, ниту другите косовски претставници не споменаа попрецизен датум кога тоа би можело да се случи. мс/

фото: Фејсбук

Остани поврзан