• четврток, 19 декември 2024

Османи предлага промена во работата на Мешовитата историска комисија (ДПЛ)

Османи предлага промена во работата на Мешовитата историска комисија (ДПЛ)
Софија, 17 јануари 2022 (МИА) – Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека е подготвен да предложи промени во работата на Заедничката историска комисија. - Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија, рече Османи во интервју за БНТ на денот кога новата влада на Димитар Ковачевски стапи на должност и во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Северна Македонија. Нагласи дека евентуална промена во структурата и пристапот на работата на комисијата нема да биде врзана за конкретни рокови за резултати. Османи истакна дека во средина која се влошува на Балканот, Република Бугарија и Република Северна Македонија не треба да остават нерешени проблеми во регионот. Тој потсети дека токму Бугарија го покрена прашањето за евроинтеграциите на Западен Балкан во 2018 година. Коментирајќи го барањето за вклучување на лица со бугарски идентитет како државотворен народ во Уставот на Република Северна Македонија, Османи рече дека смета оти земјава е позната по големите колективни права кои им ги дава на различните националности. Специјалните институции наведени во Протоколот Пет плус еден, на кој двете страни работеа со месеци, можат да го следат говорот на омраза од двете страни. - Веќе не сме во сојуз со Југославија, а сакаме да влеземе во сојуз со Бугарија. Сите прашања во нашиот однос кон Бугарија, останати од југословенско време, треба да се коригираат, рече шефот на дипломатијата на РСМ. - На народот на Република Северна Македонија не му беше толку јасно објаснето дека не преговараме за идентитетот и јазикот,  дополни Османи. вј/лв/

Остани поврзан