• сабота, 23 ноември 2024

Османи: Почитувајте ги мерките, заштитете се од вирусот

Османи: Почитувајте ги мерките, заштитете се од вирусот
Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави видео преку кое, во докторска униформа упати порака до граѓаните да се заштитат од коронавирусот. - Еве ме повторно со докторска униформа, но овој пат повеќе како приказ за страшниот предизвик со кој се соочуваме. Моите колеги инфектолози се повеќе се борат со позголемен број на пациенти со Ковид-19. И денеска не ви се обраќам само како лекар, руку и како човек на човек! Заштитете се! И себеси, вашите семејства и здравствениот систем. Вирусот е тука, се поприсутен и се поопасен! Еден ден ќе отиде, меѓутоа зошто да го запамтиме по последиците по вас и вашето семејства. Османи преку видео-обраќањето апелира до граѓаните да ги избегнуваат местата со повеќе луѓе, да ги проветруваат просториите во кои живеат и работат, да одржуваат лична хигиена и пред се - да носат маски.фф/са/ https://www.facebook.com/bujar.osmani.7/videos/1081393445643644

Остани поврзан