• среда, 25 декември 2024

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб е провокација и на штета на бугарската заедница во државава

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб е провокација и на штета на бугарската заедница во државава
Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација која оди на штета на бугарската заедница во државава. -Правото на здружување  е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Отука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на бугарската заедница во државава, рече денеска министерот Османи на новинарско прашање на редовниот брифинг со новинарите.вг/лв/

Остани поврзан