• среда, 25 декември 2024

Османи: Од утре и Франција се приклучува во напорите за гаснење на пожарите

Османи: Од утре и Франција се приклучува во напорите за гаснење на пожарите
Скопје, 10 август 2021 (МИА) – По помошта од која пристигна од земјите – членки на ЕУ: Австрија, Словенија, Романија и Бугарија, како и од соседна Србија, од утре и Франција ни се приклучува во напорите за гаснење на пожарите во земјава, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“. Утре наутро, посочува тој, на располагање ќе имаме тројца генерали од пожарникарската служба на Франција, кои се едни од најдобрите експерти за високо ризични пожари. Помошта од Франција ќе биде надополнета и со високо софистицирана опрема сочинета од дронови со француски пилоти/оператори, кои многу ќе помогнат во делот на идентификување, мапирање и рано информирање на подрачјата потенцијални жаришта на пожари, како важен дел од севкупната операција за сузбивање на пожарите. - Вклученоста на Франција доаѓа заради нивната висока експертиза во гасењето на вакви шумски пожари, а како резултат на успешната координација на нашата дипломатска мрежа. Солидарноста и помошта од нашите сојузници во овие кризни моменти е повеќе од добредојдена во надминување на кризата, а воедно претставува и вистински израз на европската солидарност, напиша Османи на „Фејсбук“. мс/ир

Остани поврзан