• среда, 25 декември 2024

Османи на министерски состанок на НАТО во Прага

Османи на министерски состанок на НАТО во Прага

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Прага.

Како што информира МНР, во фокусот на состанокот беа  актуелните безбедности состојби, со акцент на зајакнувањето на поддршката за Украина, а министрите се осврнаа и на одлуките кои треба да се усвојат на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Османи се осврна на потребата од забрзување на евроатлантските интегративни процеси.

-Од суштинско значење е интегрирањето на Западен Балкан за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни. ЕУ-перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика, нагласи Османи.

МНР наведува дека Османи ги истакна веќе познатите позиции на нашата земја, „нагласувајќи дека Северна Македонија е цврста во поддршката за Украина, од почетокот на руската агресија“.

-Исто така, нагласи дека како кредибилна членка на Алијансата, земјава веќе го надмина долниот праг од 2 отсто од БДП за инвестициите во одбраната, а потенцираше и дека е силен поддржувач на политиката на отворени врати на Алијансата, информира Министерството за надворешни работи. хс/дма/

Фото: МНР

Остани поврзан