• среда, 25 декември 2024

Османи на зелен состанок со британската амбасадорка Галовеј

Османи на зелен состанок со британската амбасадорка Галовеј
Скопје, 30 август 2021 (МИА) - Министерот за надоворешни работи Бујар Османи денеска во Градскиот парк во Скопје оствари зелен состанок со британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј. - Свесноста за климатските промени започнува со индивидуални постапки и секојдневни избори. Затоа одлучивме да направиме промена и да започнеме ваков нов и корисен концепт, објави Османи на неговата Фејсбук страница. Министерот додава дека со Галовеј разговарале за 26-от Климатски самит во Глазгов, како и за  имплементацијата на билатералниот Договор за трговија, партнерство и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Османи и Галовеј, како што инфомира министерот, разговарале и за актуелните внатрешни состојби во Авганистан, при што Османи се заблагодарил за неодамнешната евакуација на 30-тина наши државјани од Кабул, кои со помош и поддршка на британското МО беа евакуирани кон воздушна база во Обединетото Кралство. нд/бак/

Остани поврзан