• среда, 27 ноември 2024

Османи: Меѓународен борд составен од САД, ЕУ и НАТО за проверка на функционерите за корупција и руско влијание

Османи: Меѓународен борд составен од САД, ЕУ и НАТО за проверка на функционерите за корупција и руско влијание

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател од ДУИ и актуелен шеф на дипломатијата Бујар Османи, како дел од својата платформа ќе бара ветинг за носители на политички функции, преку меѓународен борд којшто ќе го сочинуваат претставници од НАТО, ЕУ и САД.

-Дел од мојата платформа како претседател, ќе вклучува и „ветинг“ за сите носители на јавни функции. Што значи тоа? Меѓународен борд кој ќе ги сертифицира во две насоки носителите на јавни функции. Прво - во безбедноста, дали имаат некаква врска со рускиот интерес и второ - со корупција и организиран криминал, изјави Османи за емисијата „Рубикон“, на Клан Косова.

Додаде дека ќе бара во тој борд да биде и НАТО, поради, како што рече, безбедносното прашање, како и ЕУ и САД.

-Овој борд ќе треба да направи сертификација на секој носител на функција, почнувајќи од нас, изјави Османи. нд/aa/

Фото: МИА архива
 
 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан