• четврток, 19 декември 2024

Османи: Итна потреба за преговори со цел враќање на мирот

Османи: Итна потреба за преговори со цел враќање на мирот

Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Северна Македонија ја осудува руската инвазија врз Украина, која претставува закана за мирот и меѓународниот поредок втемелен врз меѓународното право, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на 43-та сесија на Министерската конференција на Франкофонијата, што се одржува денеска во тунискиот град Џерба.

- Северна Македонија најостро ги осудува нарушувањето на демократијата, актите на тероризам, агресијата и сите форми на кршење на човековите права и  принципите на Повелбата на Меѓународната организација на Франкофонијата како и Повелбата на Обединетите Нации, истакна Османи пред своите колеги од земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата. Тој воедно нагласи дека промоцијата на мирот и човековите права, се врвен приоритет на земјава, особено поради фактот што наскоро ќе претседава со Организацијата за Безбедност и Соработка на Европа (ОБСЕ). Претходно Османи во видео порака од Џерба порача дека е почестен што може уште еднаш да ја афирмирам нашата приврзаност кон вредностите на Франкофонијата: демократијата, човековите права и културните различности и сето тоа преку францускиот јазик – јазик со голема традиција и светла иднина. - Овој јазик и вредностите кои ги олицетворува ни овозможуваат да го прошириме кругот на пријатели ширум светот. Уште еднаш срдечен поздрав од Џерба до сите пријатели франкофони, додаде Османи во пораката. сст/ https://www.youtube.com/watch?v=Agpq6kQEwfk

Остани поврзан