• сабота, 23 ноември 2024

Османи: Иднината на регионот е евроатлантската интеграција

Османи: Иднината на регионот е евроатлантската интеграција
Скопје, 20 април 2021 (МИА) - Иднината на регионот е евроатлантската интеграција. Друга алтернатива нема. Се употребија различни модели како да се решаваат етничките прашања во регионот. Досега имаше два такви успешни, Охридскиот рамковен договор на ниво на држава и евроатлантската перспектива на ниво на регион кој имаше трансформирачка сила да го трансформира регионот од регион кој пред 20,30 години беше во ровови во регион кој пред неколку месеци во Софија потпиша Договор за заеднички регионален пазар со движење на луѓе, капитал, услуги..., изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во Топ Тема на телевизија Телма. Прашан за словенечкиот нон-пејпер, Османи смета дека ние не треба да паднаме во стапица и да идентификуваме корелација авторство на документот кога официјалните државни органи на Словенија тоа го отфрлаат и нема никаков доказ за тоа. Посочи дека Словенија ни е пријателска држава и додаде оти ни треба да веруваме на официјалните документи. Додаде дека содржината е стара тема и не е ништо ново прашањето на размена на територии, за кое се разговарало на разни форуми... Нашиот став по однос на содржината е јасен, нагласи Османи, но важно е да се види чија е идејата, во кои кругови се движи, што е целата, каква дебата да се поттикне... и зато не треба да се брза во констатациите бидејќи шпекулаците во надворешната политиката можат скапо да ги чинат билатералните односи, но и воопшто. -Северна Македонија не е предмет на тие дебати и тоа е јасно. Ние сме земја членка на НАТО која веќе не е корисник на проекти за стабилност, туку напротив придонесува во регионалната стабилност. Не е веќе објект на масата, туку е субјект кој седи со најсилните земји во светот на масата на НАТО и ние имаме став кој го извезуваме и во рамки на Сојузот, и во рамки на ЕУ и во сите форуми во кои разговараме, рече Османи. Според него, единствена алтернатива за траен мир и стабилност во регионот е проширување на НАТО во регионот дополнително и членството на целиот регион во ЕУ. Сите други модели, како што рече, може да го предизвикаат мирот. мд/дма/

Остани поврзан