• сабота, 23 ноември 2024

Османи до Кулубаев: Ги поддржуваме напорите за мирно решавање на кризата меѓу Киргистан и Таџикистан

Османи до Кулубаев: Ги поддржуваме напорите за мирно решавање на кризата меѓу Киргистан и Таџикистан
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на маргините на 77-то Генералното собрание на ОН, се сретна со министерот за надворешни работи на Киргистан, Кулубаев Жинбек на која разговарале за актуелните глобални безбедносни предизвици. Како што соопшти МНР, при тоа Кулубаев ги претстави видувањата на Киргистан во однос на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан.

- Министерот Османи ги поздрави постигнатиот прекин на огнот и последователните напори за мирно решавање на кризата. Истовремено, посочи дека Севeрна Македонија како членка на ОБСЕ Тројката и иден претседавач го поддржува ангажманот на полското претседателство и генералната секретарка за намалување на тензиите и стабилизација на состојбата, стои во соопштението. вг/дма/

Остани поврзан