• вторник, 19 ноември 2024

Османи - Донев: Економска соработка и заедничко справување со енергетската криза

Османи - Донев: Економска соработка и заедничко справување со енергетската криза

Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на посетата на Софија, имаше средба со премиерот на Република Бугарија, Галаб Донев. На средбата стана збор за севкупните односи и соработка меѓу двете држави, со фокус врз економската соработка и подготвеноста за заедничкото справување со последиците од енергетската криза, соопшти МНР.

Османи и Донев изразија задоволство што само во изминатава недела, два клучни настани - oтпочнувањето со градба на источниот дел од железничкиот Коридор 8 и потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за интерконективна точка Ќустендил-Жидилово,  јасно ја демонстрираат определбата на двете Влади да дејствуваат во насока на реализирањето на конкретни проекти кои инфраструктурно и енергетски ќе ги поврзат двете земји и ќе претставуваат придонес во  заедничките напори на земјите од европскиот континент соодветно да одговорат на актуелните предизвици.

Воедно, изразија задоволство и разменија конкретни предлози за успешно реализирање на претстојниот Бизнис форум, којшто двете земји планираат да го одржат во текот на месец декември, а кој се очекува да донесе конкретни придобивки за граѓаните од двете земји, на планот на економската соработка, се наведува во соопштението од МНР.са/дма/

Остани поврзан