• среда, 27 ноември 2024

Османи: Грција не информира дека смениле еден знак, суштинскиот дел од Договорот се почитува од двете страни

Османи: Грција не информира дека смениле еден знак, суштинскиот дел од Договорот се почитува од двете страни

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) -  Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете странии, а во делот на обврските за сообраќајните знаци од Грција информирале дека смениле еден знак. 

-Ние во 95 проценти ако можам да кажам сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка на НАТО и ЕУ интеграцијата, го има испочитувано. Ние сме останале во неколку институции каде надлежноста не е на Владата, на пример МАНУ, МРТ и федерациите. Тоа е што е останато во нашиот дел. Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето, и три договори коишто не се директно поврзани со Преспа, рече Османи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, снимено пред неговото заминување на Минхенската безбедносна конференција.

Стоеше, дополни, Скопие, а сега е Скопје, од вчера мислам се сменети. -Затоа што насоките се до градовите, а не до државите, такви се правилата на сообраќајните знаци. Но, отприлика тука сме во исполнувањето од двете страни, вели Османи. 

Доколку има суштински проблеми во имплементирањето на Договорот, како што рече, во кое било време може да побараме да се свика т.н. висок совет што го водат премиерите заедно со дел од министрите.

Во однос на можноста да биде кандидат за претседател на државата, Османи рече дека тоа „зависи од проценките каде е најкорисен“ и оти „остава тоа да се одлучи во структурите на партијата“. 

-Мислам дека ако ДУИ има кандидат тој е сериозен кандидат за да победи, но треба да се направат добри проценки за да се даде понуда која е согасано времето во кое живееме, предизвиците кои  ги имаме и очекувањата на граѓаните. Тоа треба да се калкулира за да имаме понуда која  не е за да се тестира туку за да се победи, рече Османи.

Во однос на тоа дали по непотпишувањето на указот за Законот за игри на среќа претседателот Стево Пендаровски нема да може да смета на поддршка од ДУИ во случај повторно да се кандидира, рече дека тие две работи не се поврзани и повтори дека е дискутабилно образложението дека непотпишувањето е заради европското знаменце.

Законот, како што рече, беше важен затоа што беше предизборно ветување на ДУИ на кое инсистираат заради оддалечувањето за 500 метри на обложувалниците од објектите каде гравитираат младите. 

За него, т.н „Хашки случаи“ се затворени, а лидерот на ДУИ Али Ахмети  нема да се соочи со неславен крај. 

Прашан зошто толку долго  не го објавувале во јавноста писмото на комесарката за човекови права во Советот на Европа, Мијатович која бара реактивирање на хашките случаи, рече дека тоа писмо го видел од медиумите и оти нема коментар, но оти таа тема се отвора пред секои избори. 

-Јас од медиумите го видов тоа писмо, не сум го видел претходно. Тоа е апсолвирано прашање, бидејќи ниту имало процес во Хаг и тука е констатирано дека нема основи за процеси, рече Османи, посочувајќи дека апсолутно смета дека  хашките случаи се затворени. лв/вг/

фото:МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан