• среда, 27 ноември 2024

Османи: Ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес

Османи: Ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) – Особено ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес преку одржување на првите меѓувладини седници со Северна Македонија и Албанија, уште за време на француското претседателство со Советот на ЕУ, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Османи ова го истакна на својот фејсбук профил по остварената средба со висока делегација од француското МНР составена од заменик директор на Директорат за ЕУ во МЕНР на Франција Сирил Дикемал, Леонор Гим, советничка во Директорат за ЕУ, Силвен Гиоге, заменик директор на Директорат за Континентална Европа и Никола Фај, шеф на мисијата за Западен Балкан во Директорат за Континентална Европа. -Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е геостратешка инвестиција за стабилност и просперитет за земјите од Западниот Балкан, но и за Европа, особено во актуелниот геополитички контекст, напиша Османи.свс/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан