Османи: Во Софија ќе го отворам прашањето за отворање македонски културен центар во Благоевград
- Се разбира, покрај другите, утре ќе го покренам и прашањето за отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград, сето тоа во функција на заемната промоција на културата во двете држа
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Се разбира, покрај другите, утре ќе го покренам и прашањето за отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград, сето тоа во функција на заемната промоција на културата во двете држави, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, во изјава пред Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, дадена по повод неговата посета на Република Бугарија и утрешните средби.
Шефот на дипломатијата наведе дека во рамки на посетата ќе оствари средби со неговиот бугарски колега Николај Милков, со бугарскиот премиер Галаб Донев, но и со лидерите на речиси сите парламентарни политички партии.
- Целта е да се одржи и да се надгради конструктивната атмосфера во односите меѓу нашите две држави изградени посебно во последните неколку месеци, спречувајќи ги обидите за „киднапирање на таа агенда од тие што не посакуваат добри односи помеѓу нашите две пријателски држави“, нагласи Османи.
Министерот за надворешни работи потенцираше дека правиот пат којшто треба да го следиме е преку институционалните механизми да се гради довербата помеѓу двете држави и помеѓу двете општества и градење на заедничката иднина во рамките на Европската Унија. см/лв/