• четврток, 26 декември 2024

Османи во Киев на основачкиот Самит на Кримската платформа

Османи во Киев на основачкиот Самит на Кримската платформа
Скопје, 23 август 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Киев ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа. Кримската платформа, како што информираат од МНР, е иницијатива на Украина, за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим. На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на повеќе од четириесет земји, меѓу кои голем број земји членки на ЕУ и НАТО, кои ќе бидат претставени на високо ниво вклучително и девет претседатели, неколку премиери како и министри за надворешни работи. аа/са/

Остани поврзан