• вторник, 19 ноември 2024

Османи: Внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот, но не пред почетокот на преговорите со ЕУ

Османи: Внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот, но не пред почетокот на преговорите со ЕУ
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот и оти тоа е најдоброто решение, но дека тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со Европската Унија.
- Тоа е најдоброто вин-вин во оваа дебата. Сепак тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со ЕУ. Ако нема решение скоро, мислам се помалку енергија и политички капитал за да се преземе одговорност и да се влезе храбро, додаде шефот на македонската дипломатија, рече Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Османи изрази стравување дека после оваа шанса, ќе има се помалку политички капитал, енергија, храброст од било кој политичар за решавање на спорот со Бугарија. Според него, ќе се чека од Европската Унија да каже што понатаму бидејќи ние сме направиле се што сме можеле и не можеле. - Целиот свет знае што ние направивме, така да топката веќе не е во наша половина, вели Османи. Тој, во врска со најавата на премиерот Ковачевски за отворање македонски културен центар во Благоевград, рече дека до крајот на годината тоа би можело да се изреализира. - Имаме еден културен центар во Софија и според нашите проценки, можеме да отвориме во било кој друг град, што би го финансирала Владата. Секако мораме прво да испратиме барање и да го известиме бугарското МНР. До крајот на годината би можело да се реализира, рече Османи во врска евентуалното отворање македонски културен центар во Благоевград.
Според него, историчарите треба да бидат прашани за името на тој центар.
 
- Ковачевски ќе комуницира со премиерот Петков, изјави Османи.  
 
Претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што тој ќе направи за бугарскиот културен центар во Битола што носи име на фашист, кажа дека има во план директно да го информира неговиот бугарски колега Кирил Петков, дека како Влада, во текот на оваа година, имаат намера да отворат културен центар на Република Северна Македонија во Благоевград.
Османи, на прашањето дали има услов од ВМРО-ДПМНЕ за да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот, за предвремени парламентарни избори, тој вели оти тоа би било политичко самоубиство. - Јас се надевам дека тоа нема да го кажат јавно, затоа што јас да сум граѓанин и ова важно прашање да ми го врзат со политичката иднина и кариера на некој од политичарите, навистина тоа би било политичко самоубиство за секој што ќе го каже, вели Османи. нд/ Фото: МИА архива

Остани поврзан