• вторник, 12 ноември 2024

Османи - Влаховски: Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите евроинтеграции

Османи - Влаховски: Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите евроинтеграции

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Северна Македонија ја цени континуираната поддршка на Словачка за нејзините европски интеграции порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на средба со неговиот словачки колега Мирослав Влаховски.

Како што соопшти МНР, на средбата, одржана на маргините на самитот ГлобСек во Братислава, Османи му честиташе на Влаховски за неговото именување за министер за надворешни работи и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе се залагаат за забрзана динамика при процесот на проширување на ЕУ, особено во сегашниот временски контекст кога безбедносната архитектура во Европа е доведена пред огромен предизвик.

- Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции. Воедно, веруваме дека Словачка ќе даде поддршка за концептот на забрзана интеграција и ќе го поддржи процесот со цел истиот да биде покредибилен, а нашите граѓани  порано да ги почувствуваат краткорочните привремени чекори, истакна Османи.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи се осврна и на актуелностите во однос на претседавањето со Организацијата низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан