• сабота, 23 ноември 2024

Османи: Владата останува максимално посветена во реализација на полноправно членство до 2030 година

Османи: Владата останува максимално посветена во реализација на полноправно членство до 2030 година

Блед, 28 август 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој го придружуваше премиерот Димитар Ковачевски на билатерална средба со претседателот на Европскиот совет, на Фејсбук напиша дека имале продуктивни разговори со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и оти во фокусот биле преговорите за членстви во ЕУ.

-Во фокусот: преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, европската перспектива на земјите од Западен Балкан и регионалната соработка. Владата останува максимално посветена во реализација на стратешката цел:   полноправна членка до 2030 година, за стабилна и просперитетна иднина на нашите граѓани. Унијата наш недвосмислен партнер во реализација на домашната реформска агенда, напиша Османи.

На билатералната средба што се одржа пред денешниот почеток на Бледскиот стратешки форум присуствуваше и вицепремиерот Бојан Маричиќ. ев/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан