• недела, 24 ноември 2024

Османи-Касконе: Италија ќе продолжи силно да се ангажира за отворање на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ

Османи-Касконе: Италија ќе продолжи силно да се ангажира за отворање на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ
Скопје, 4 април 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска се сретна со Андреа Касконе, директор за Балкан во италијанското МНР при што главна тема на разговорот беше европската перспектива на нашата држава Како што соопшти МНР, на средбата директорот Касконе порача дека Северна Македонија заслужува отворање на пристапните преговори за членство во Унијата, за што Италија ќе продолжи силно да се ангажира.  

Соговорниците разменија мислења и за надворешно-политичките и безбедносните приоритети на двете земји во светло на војната во Украина, како и за продлабочување на билатералната соработка во области од заемен интерес, стои во соопштението. вг/са/

Остани поврзан