• сабота, 28 декември 2024

Ослободени од ковид-ограничувањата, Кубанците ги чекаат туристите

Ослободени од ковид-ограничувањата, Кубанците ги чекаат туристите

5 ноември 2021

„Ова е олеснување за нас“, рече Мелани Мајорга, 16-годишна ученичка, по повод намалувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Куба во последните недели, што ќе ѝ овозможи на земјата да ги отвори вратите за туристите на 15 ноември.
Облечена во прекрасен црвен фустан, девојката отиде да се сретне со пријателите на Малекон, познатиот крајбрежен булевар во Хавана, повторно живнат по укинувањето на ограничувањата и полицискиот час.
„Многу е тешко да не можеш да се видиш со пријателите (...), сега се собираме повторно, затоа што ситуацијата сега е подобра“, рече Мелани.
Фотографирајќи се со другарите, таа додаде: „Предолго бевме во карантин, тоа е разбирливо, бидејќи случаите беа многу, но сега тие се намалени и можеме повторно да излеземе“.
На 15 ноември, Куба ќе се врати кон нормалниот живот - училниците повторно ќе пречекаат повеќе од милион ученици, земјата повторно ќе се отвори за странскиот туризам, кој беше ограничен досега поради значително намалените летови и затворените хотели и ресторани на голем дел од островот.
Целта е рестартирање на стопанството, кое со месеци остана без приходи од туризмот, што го влоши недостигот од храна и лекови.
Во првата половина од годината, земјата прими само 21,8 отсто од посетителите за истиот период во 2020 година, што изнесуваше 1,2 милиони. Во 2022 година, Владата се надева дека тој број ќе достигне два милиона, половина од годишниот прилив пред пандемијата.
  Населението 64,9 отсто вакцинирано „Ни претстои контролирано и етапно отворање со гаранција дека најмалку 90 отсто од жителите на земјата ќе бидат вакцинирани до 15 ноември“, вели министерот за туризам Хуан Карлос Гарсија. Во моментов, 7,3 милиони Кубанци се имунизирани - 64,9 проценти. Тие добија локално развиени вакцини кои чекаат одобрение од СЗО. Островот, чии власти се надеваат дека ќе го вакцинираат целото население до крајот на годината, се труди да закрепне од страшната епидемија предизвикана од Делта варијантата, која го раздрма здравствениот систем во јули - националната гордост. На 20 септември, на пример, тие пријавија 8.544 нови инфекции дневно, а во понеделникот - само 633, со вкупно население од 11,2 милиони. Амилкар Перез-Риверол, кубански научник од Фондацијата за истражувачка поддршка на Државниот универзитет во Сао Паоло во Бразил, гледа двоен ефект во ова достигнување - вакцинација во комбинација со стекнат колективен имунитет. „Вакцинацијата во Куба се одржа во исто време со еден од најопасните бранови во светот во однос на бројот на заразени на 100.000 жители“, објасни тој на Твитер. „А, овој пад се должи на вакцинацијата и на имунитетот стекнат по заразата, како што покажува искуството на сите земји погодени од бранот предизвикан од варијантата Делта“. За 52-годишната Саида Сантана, која се шеташе на пешачката улица Обиспо во Хавана, олеснувањето е „добредојдено - толку е убаво!“. Таа работи како бебиситерка и „две години“ не дошла во овој трговски центар. „Кошмарот сè уште не е завршен“                   Недалеку од таму, хотелите и рестораните повторно се отворени со надеж дека ќе привлечат дел од 100.000 туристи што се очекуваат до крајот на декември - ова е вообичаената висока сезона за Куба. За да ги олесни работите, Владата го укина задолжителниот карантин за пристигнувања од 7 ноември, а од 15 ноември - ПЦР тестовите што се вршат на аеродромот. Туристите ќе треба само да приложат документ за вакцинација или негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа. Сигнал за старт чекаат и популарните „Алмендрони“, старите шарени американски седан автомобили. Да ги натерате туристите да истражуваат антиквитети е „подобро од државна работа, сепак ќе заработите малку повеќе“, вели Оскар Улесија, 33-годишен возач со црни очила и каубојска капа. Пред две години, поради немање клиенти, тој беше принуден да се врати на стариот занает - сметководството. „Супер задоволен сум, конечно можеме повторно да се видиме сите“, изјави Роналд Ибанис, 25-годишен уличен танчер. Но, тој претпазливо додава: „Кошмарот не е завршен, само треба да се обидеме да живееме поинаку, во една нова нормалност“. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан