• недела, 24 ноември 2024

Ослободена Италијанката киднапирана пред две години во Кенија

Ослободена Италијанката киднапирана пред две години во Кенија
Милано, 10 мај 2020 (МИА) - Силвија Романо, Италијанката која беше киднапирана во Кенија пред 18 месеци, е ослободена и се очекува денеска да се врати во Италија, соопшти италијанската Влада. - Силвија Романо е ослободена. Им благодарам на мажите и жените од странската разузнавачка служба. Силвија, ве чекаме во Италија, напиша премиерот Џузепе Конте на својот профил на Твитер. Министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави за државната телевизија дека Романо е пронајдена во Сомалија и ослободена благодарение на странската разузнавачка агенција. Тој додаде дека таа ќе пристигне во Рим со специјален лет. Романо во ноември 2018 година беше киднапирана во северна Кенија од вооружени напаѓачи додека работеше за италијанска добротворна организација, наречена Африка Милела. Ниту една група не ја презеде одговорноста за киднапирањето. паг/  

Остани поврзан