• сабота, 23 ноември 2024

Осасуна се соочува со казна поради морбидните скандирања на навивачите кон Гринвуд

Осасуна се соочува со казна поради морбидните скандирања на навивачите кон Гринвуд

Мадрид, 19 септември 2023 (МИА) - Шпанската фудбалска федерација ќе ја разгледа ситуацијата која се случи на натпреварот од 5. коло на Ла Лига помеѓу Хетафе и Осасуна (3:2). Навивачите на Осасуна скандираа „Умри Гринвуд“ кога поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед се појави на теренот.

 

Според „Дејли мејл“, шпанската лига ги пријавила скандирањата до комитетот против насилство на фудбалските терени.

 

Гринвуд беше надвор од фудбалските терени од јануари 2022 година поради случај на претепување девојка. Откако играчот беше ослободен, Манчестер јунајтед не го врати Англичанецот во составот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан