• четврток, 26 декември 2024

Осака се раздели со својот тренер

Осака се раздели со својот тренер

Њујорк, 14 септември 2024 (МИА) - Поранешната број 1 во женскиот тенис, Наоми Осака објави дека се разделува со тренерот Вим Фисет.

-Четири години, две Гренд слем титули и многу спомени. Благодарам на Вим што беше одличен тренер и уште попрекрасна личност. Ти посакувам се најдобро!, напиша Јапонката на социјалните мрежи.

Фисет беше тренер на Осака од 2019 до 2022 година и продолжи да работи со неа откако таа се врати на терените во јули 2023 година по породилното отсуство.

Под водство на белгискиот тренер, Осака освои две од нејзините четири Гренд слем титули - Отвореното првенство на САД во 2020 година и Австралија опен во 2021 година.

Дваесет и шест годишната тенисерка моментално се наоѓа на 75. место на светската ВТА ранг листа.

Од 16-те турнири кои Осака ги одигра оваа сезона, до четвртфиналето стигна само на два - Доха и Хертогенбош. Јапонката, исто така, не успеаја да го помине второто коло на секој од четирите Гренд слем турнири годинава. дс

Фото: Архива

Остани поврзан