• среда, 13 ноември 2024

Осака, Радукану, Вознијацки и Кербер добија специјални покани за Вимблдон

Осака, Радукану, Вознијацки и Кербер добија специјални покани за Вимблдон


Лондон, 19 јуни 2024 (МИА) – Тенисерките Наоми Осака, Ема Радукану, Каролина Вознијацки и Анџелик Кербер добија специјални покани за настап на овогодишниот Вимблдон.
Организаторот вообичаено им доделува покани на играчи кои не се доволно високо рангирани за директно да се квалификуваат.
Јапонката Осака, поранешна тенисерка број еден во светот и освојувач на четири грен слем титули, ќе се врати на главната жрепка на Вимблдон по пауза од пет години. Осака во моментов е 113. место на ВТА листата.
Едно место подолу на светската ранг-листа е победничката на Австралија опен од 2018 година, Каролина Вознијацки од Данска.
Специјални покани добија и победничката на Вимблдон од 2018 година, Германката Анџелик Кербер и победничката на УС Опен од 2021 година, Британката Ема Радукану. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан