Осака по пласманот во второто коло во Мајами: Навистина сакам да играм со најдобрите
- Наоми Осака ги сподели емоциите за пласманот во вториот круг во турнирот во Мајами.

Мајами, 19 март 2025 (МИА) - Наоми Осака ги сподели емоциите за пласманот во вториот круг во турнирот во Мајами.
- Навистина сакам да играм со врвни ривалки, сите тие имаат многу добро ниво, а јас сакам да го направам истото. Но, морам да запомнам дека напредувањето е процес. Знам дека не играв толку добро, но си помислив „Ќе се обидам да останам на теренот што е можно подолго бидејќи Мајами е мојот дом“, изјави јапонската тенисерка по мечот со Стародубцева.
На стартот од турнирот, поранешната светска тенисерка број еден и четирикратна Грен слем шампионка ја победи Јулија Стародубцева од Украина со 3:6, 6:4, 6:3. зс/
Фото: ЕПА