• четврток, 26 декември 2024

Осака почна да работи со психолог по турнирот во Индијан Велс

Осака почна да работи со психолог по турнирот во Индијан Велс
Токио, 24 март 2022 (МИА) - Јапонската тенисерка Наоми Осака откри дека ангажирала психолог по инцидент на турнир во Индијан Велс. Осака во второто коло од Мастерсот загуби од Русинката Вероника Кудерметова (6:0, 6:4).   Навивачите за време на натпреварот извикуваа непријатни коментари на поранешниот светски рекет број еден.   - Не знам дали можам да зборувам за тоа или не, но по турнирот во Индијан Велс, почнав да работам со терапевт. Разбирам колку ова помага. Мило ми е што до мене имаше луѓе кои ме советуваа да почнам да работам со специјалист. Се сетив што ми кажа терапевтот, како да дишам длабоко, да се смирам, да се рестартирам, истакна Осака.  На прашањето од новинарите зошто реши да посети психолог, Осака одговори: „Да бидам искрена, бидејќи сестра ми беше многу загрижена за мене. Тоа ми го препорача и тренерот Вим Фисет. Тој рече дека ангажира тренер за тенис, фитнес, но му требаше и професионалец психолог во близина, истакна Осака за „Straits Times“.   Осака е четирикратен Грен слем шампион. Дваесет и четиригодишната тенисерка два пати ги освои Австралија опен и УС опен. зс/

Остани поврзан