• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба

Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба вчера полицијата пронашла 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут. 

Како што информира денеска МВР, случајот вчера во полиција го пријавил граѓанин. Потоа интервенирале полициски службеници од СВР Скопје со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња.

Предметите се подигнати и предадени за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан