• сабота, 23 ноември 2024

Орпо: Финска ќе остави отворен само еден граничен премин со Русија

Орпо: Финска ќе остави отворен само еден граничен премин со Русија

Хелсинки, 22 ноември 2023 (МИА) - Финска ќе ги затвори сите гранични премини со Русија освен еден, во обид да го запре приливот на баратели на азил во таа нордиска земја, изјави денеска премиерот Петери Орпо.

Во ноември, повеќе од 600 луѓе без валидни патни документи на ЕУ влегоа во Финска преку Русија, поради што Хелсинки затвори неколку премини и ја обвини Москва за пренасочување на мигрантите. Кремљ ги негира обвинувањата.

Барателите на азил доаѓаат од различни земји, вклучувајќи ги Јемен, Авганистан, Мароко, Пакистан, Сомалија и Сирија,.

Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен претходно изјави дека владата размислува да затвори некои од четирите преостанати премини на нејзината граница со Русија или дури и на целата граница доколку продолжи приливот на баратели на азил од соседната земја. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан