• среда, 25 декември 2024

Орпо: Финска не гледа непосредна воена закана од Русија

Орпо: Финска не гледа непосредна воена закана од Русија

Хелсинки, 19 јануари 2024 (МИА) - Финска не гледа непосредна воена закана од Русија, изјави денеска премиерот Петери Орпо на прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Шведска Улф Кристерсон.

-Не гледам никаква непосредна воена закана од Русија против Финска. Ние во Финска спиеме цврсто ноќе бидејќи сме добро подготвени, им рече Орпо на новинарите во Стокхолм, пренесуваат британските медиуми.

Меѓутоа, додаде Орпо, сите членки на ЕУ и НАТО треба да се подготват за секое можно сценарио.

На 4 април минатата година Финска стана членка на НАТО, со што заврши историската промена во безбедносната политика на земјата предизвикана од рускиот напад врз Украина. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан