• четврток, 26 декември 2024

Орпо: Русија се подготува за долга војна

Орпо: Русија се подготува за долга војна

Стразбур, 13 март 2024 (МИА) - Русија се подготвува за долготрајна војна, а отпорот на нејзината агресија е клучниот предизвик на генерацијата, рече финскиот премиер Петери Орпо во Европскиот парламент.

Премиерот на Финска, земја која дели повеќе од 1.300 километри граница со Русија, на пленарната седница во Стразбур рече дека руската агресија против Украина е силен потсетник за кревкоста на мирот во Европа, дека ги загрозува самите темели на Европската унија и е клучен предизвик за оваа генерација на европско лидерство.

„Русија очигледно се подготвува за долг конфликт со Западот“, рече Опро, премиер на финската влада, која се смета за најдесничарска од крајот на Втората светска војна.

„Меѓутоа, Русија не е непобедлива“, додаде поранешниот министер за внатрешни работи, земјоделство и финансии.

Во април Финска стана 31-ва членка на НАТО, а Орпо нагласи дека оваа одлука не е донесена „лесно“ и е јасен сигнал за посветеноста на Хелсинки за безбедноста на континентот.

„Војната во Украина беше повик за будење. Никогаш повеќе не смееме да бидеме толку зависни од другите за нашата безбедност и енергија“, предупреди тој.

Финскиот премиер рече дека „Русија ја користи илегалната миграција во Финска како оружје, испраќајќи државјани на трети земји преку нејзините граници“.

„Тие бројки се сè уште релативно ниски, но феноменот е загрижувачки“, рече Орпо, нагласувајќи дека тоа може да стане закана за националната и европската безбедност. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан