• среда, 25 декември 2024

„Оро без граници“ по 31. пат во Скопје

„Оро без граници“ по 31. пат во Скопје
Скопје, 17 септември 2022 (МИА) – Со почеток во 19 часот на плоштад „Македонија" ќе се одржи 31. издание на фестивалот „Оро без граници“. Овој настан своите почетоци ги бележи во 1991 година. Се формира по иницијатива на тогашниот инструктор по фолклор Тофе Дракулевски. Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде се формира најголемото оро, оро кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. Главен покровител е Град Скопје, а е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.свс/са/

Остани поврзан