• вторник, 20 јануари 2026

Ориги сака да го напушти Ливерпул на лето

Ориги сака да го напушти Ливерпул на лето
Лондон, 20 март 2022 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги одлучи да го напушти клубот. Во текот на летото тој очекува да го промени тимот, објави „The ​​Telegraph“. Дваесет и шестгодишниот Белгиец е подготвен да го напушти англискиот клуб како слободен играч на крајот на сезоната, додека „црвените“ имаат опција за продолжување на договорот. Претходно имаше информации дека за играчот се заинтересирани Милан и Аталанта. Ориги сака да добива од 3,5 до 4 милиони евра годишно. Во сезоната 2021/22, Ориги постигна пет гола и оствари три асистенции на 14 натпревари за Ливерпул. зс/

Остани поврзан