• вторник, 20 јануари 2026

Ориги на зима може да го напушти Ливерпул

Ориги на зима може да го напушти Ливерпул
Ливерпул, 30 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да ги смени клупските бои во јануари, објави „LiverpoolEcho“. Според изворот, 25-годишниот Белгиец сака да добие поголема минутажа за играње и тоа е причината да размислува за заминување. Во сезоната 2020/21, Ориги учествуваше на три натпревари за Ливерпул, посигна еден гол и една асистенција. Transfermarkt.com ја проценува вредноста на напаѓачот на 16 милиони евра. зс/

Остани поврзан